Соопштение за јавност
Недозволиво е градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и Министерството за образование да си играат пинг понг со ученици!
Бараме просторниот проблем што го имаат учениците во тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ надлежните институции веднаш да го решат.
Децата веќе еден месец губат настава и ќе им биде голем проблем надоместувањето на часовите што е веројатно дека ќе има одраз и врз нивниот успех.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и министерот за образование Пиштар Лутфиу се од иста партија, ДУИ, а заменикот министер Спиро Ристовски е од нивниот коалициски партнер, партијата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ.
Безобразно е Никола Груевски и Али Ахмети повторно за партиски интереси да посегнуваат по меѓуетнички провокации, користејки малоленти деца – средношколци.
Граѓаните веќе им испорачаа на Груевски и Ахмети одговор, дека не поминуваат нивните игри на меѓуетничка карта и сценирани проблеми.
По изборите во декември, новата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди просторни, кадровски и наставни услови за квалитетно образование за сите ученици во Македонија.
Скопје, 03.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА