fbpx

Средба Заев – Батели: Силна посветеност на ОБСЕ, мора да има регуларни избори!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев денеска се сретна со делегација на ОБСЕ предводена од потпретседателот на парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа и специјален координатор на ОБСЕ за изборите на 11 декември во Македонија, Роберто Батели.

Изборите во декември мора да бидат регуларни, на Европа и е потребна стабилна Македонија е децидната порака што ја пренесе високиот дипломат од ОБСЕ. Тој најави силна посветеност на Мониторинг мисијата на ОБСЕ во земјава на организацијата и спроведувањето на изборниот процес и порача дека само демократски институции во Македонија можат да помогнат во економски развој на Македонија и нови работни места за стабилизирање на животниот стандард на граѓаните.

Претседателот Заев се заблагодари на Мисијата на ОБСЕ за придонесот на организацијата во развојот на демократските процеси во земјава и оцени дека мониторите на ОБСЕ се охрабрување за граѓаните за фер предизборен и изборен процес.

– СДСМ е дел од техничката Влада за да ги заштити граѓаните од какви било притисоци и злоупотреби од страна на власта и во декември мора да одлучи слободната волја на граѓаните. Ние веќе имаме краткорочен и среднорочен план за приоритетите на новата Влада, што ги усвои вчеравечер партискиот Конгрес, преку коишто се обврзуваме на динамиката со којашто ќе го подобруваме животот на граѓаните, ќе ги обновуваме демократските институции и ќе ги отвораме перспективите за Република Македонија, рече претседателот Заев.

 

03.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести