Вака изгледа изолацијата на дело – граѓаните чекаат со часови на граница, а ВМРО-ОКГ патува низ посебен премин

Денес граѓаните кои тргнаа на одмор можат на своја кожа да осетат видат политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Додека точат гориво на пумпите и стојат во редици со повеќе колони со часови на границата со Грција, јасно им станува дека зборот „изолација“ не е празна фраза. Ова е директна последица на политиката на ВМРО-ОКГ. Наместо […]
Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растат

Соопштение за јавност Христијан Мицкоски вчера најави намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Веќе денеска се очекува ново поскапување на горивата. Ова е уште еден доказ за реактивната и неуспешна економска политика на ВМРО-ОКГ. Мицкоски и неговата влада постојано доцнат со мерките. Кога цените веќе скокнаа до плафон, тогаш излегуваат со најави […]
Срам за Скопје – коњ со пет нозе на Орце и ВМРО

Соопштение за јавност Град Скопје под ВМРО-ОКГ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја започна кампањата за наводно „разубавување“ на влезот во градот. Резултатот е срамен: коњот Букефал е насликан со пет нозе, воинот наликува на лик од цртан филм, а целата слика е генеричка и без никаква врска со реално Скопје. Ова не е прв пат […]
Епидемијата во Гостивар постои – потребно е надлежните да ја прогласат

Соопштение за јавност Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не. Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара […]
Мицкоски им порача на судиите „пари нема да добиете“ – ова е директно политичко влијание врз правосудството

Соопштение за јавност Христијан Мицкоски им порача на судиите „пари нема да добиете“. Оваа изјава е јасен сигнал за политичко влијание врз правосудниот систем. Мицкоски очигледно смета дека судството и обвинителството треба да функционираат како „juke box“, тој нарачува, а институциите треба да свират. Кога не свират според неговата желба, следува притисок, јавни најави за […]
Мицкоски повторно ветува „наскоро ќе се знае“ – додека во Гостивар се шири сериозна здравствена криза

Соопштение за јавност Христијан Мицкоски изјави дека „наскоро ќе се знае кој наредил што се случило во Гостивар“ и дека „ќе има одговорност“. Ова е уште една во низата празни најави кои веќе стануваат предвидливи и исцрпувачки за граѓаните. Со истата реторика, Мицкоски месеци наназад ветува дека „наскоро ќе се знае“ од каде дошла дрогата, […]
Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Соопштение за јавност Тимчо Муцунски во Вашингтон зборувал за „потврдена определба“ и соработка со САД. Прашањето е дали им ја кажа целата вистина на нашите стратешки партнери? Дали Муцунски им спомена дека во македонската влада седи човек кој јавно промовира соработка со „Ноќните волци“ на Путин и со Комунистичката партија на Кина? Дали им кажа […]
Мицкоски најавува намалување на акцизи a со месеци одбива да преземе мерки

Соопштение за јавност Христијан Мицкоски денеска најавува намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Ова е уште еден пример како ВМРО-ОКГ реагира дури кога е веќе предоцна, а не кога проблемот може да се спречи. Месеци наназад СДСM повикуваа на конкретни мерки за заштита на граѓаните од поскапувањето на цените. Владата на Мицкоски […]
Уништување на образованието и иселување на млади е дел од програмата на ВМРО-ОКГ

Соопштение за јавност ВМРО-ОКГ денеска се фали дека инвестирале над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедиле повисоки плати за наставниците. Ова е уште еден пример на селективна меморија и пропаганда која нема врска со реалноста. Кога истата оваа партија беше на власт под Никола Груевски, тие систематски ги менуваа учебниците по историја, вметнувајќи […]
ВМРО-ОКГ се изгуби во сопствената пропаганда

Мицкоски вели дека реформите се завршени а неговата партија обвинува дека опозицијата ги блокира истите, ВМРО-ОКГ веќе не знае што лаже. Целосно се изгубија во сопствената пропаганда. Денес партијата обвинува дека опозицијата го блокира Изборниот законик, дека сакаат да го намалат „успехот на државата во исполнувањето на реформите“. Само еден ден претходно, Христијан Мицкоски јавно […]