Богоев: Додека СДСМ реализира мерки за помош од над 750 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нанесуваат штета врз граѓаните и државата

Соопштение за јавност Владата предводена од СДСМ користи механизми за помош на ранливи категории граѓани, за домашните компании за да се справат со последиците од кризата, додека ВМРО-ДПМНЕ нанесува само штета, порача вечерва во емисијата „Клик плус“ потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев. „Во време на најголема светска економска криза, во целиот свет гледаме конструктивност, само […]

Зечевиќ од Центар: За македонската младина имаме обврска да обезбедиме европска иднина

Генералниот секретар на СДСМ, заедно со заменик претседателката Сања Лукаревска вечерва присуствуваа на работен состанок со членовите од општинската организација Центар. – Секогаш кога носиме одлуки денеска да имаме предвид дека се однесуваат на младите утре. СДСМ е државотворна партија која секогаш знаела да постапи во интерес на иднината на државата, а тука пред се […]

Јанчева: Со градоначалничката Арсовска и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаме заробен град и неефективен Совет

Соопштение за јавност Сведочиме на заробен град, неефективна администрација, неефективен Совет, истакна Љубица Јанчева советничка од СДСМ во Советот на Град Скопје во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма. Јанчева нагласи дека нема никаква комуникација меѓу двата органа на Град Скопје – Советот и градоначалникот, а тие се две страни на една паричка и ако нема […]

Мицкоски е единствен политичар во светот што се радува што успеал да блокира помош од 100 милиони евра во време на криза

Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски Христијан Мицкоски е единствен политичар во светот што се фали дека успеал да блокира закони важни за граѓаните. „Многу убаво“ така Мицкоски по сопствено кажување се чувствувал денес откако преку своите пратеници успеа да блокира помош од 100 милиони евра за АД ЕСМ во време на светска енергетска […]

Зечевиќ во Кисела Вода: Големината на СДСМ е во државничките одлуки за македонската иднина

Големината на СДСМ е во државничките одлуки кои ги носи за сигурна македонска иднина, рече генералниот секретар Миле Зечевиќ на состанок со партиските членови и симпатизери од општината организација Кисела Вода. – СДСМ е дел од континуитетот на македонската државност. Државничките одлуки на СДСМ се за исполнување на македонските национални стратешките цели, поставени уште од […]

Блокадата на Мицкоски на 130 закони и 100 милиони евра се на штета на граѓаните и државата

ВМРО-ДПМНЕ на чело со и Христијан Мицкоски останува деструктивна партија која дополнително ја отежнува состојбата во време на светска економска и енергетска криза. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски блокираат над 130 законски решенија во Собранието, кои се во интерес на граѓаните и државата. Со недели го одолговлекуваат законското решение, кое треба да обезбеди […]

Намалени цени на лебот, мерките на Владата даваат резултат

Владата предводена од СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски во време на најголемата светска енергетска и економска криза, носи навремени и ефикасни мерки, за справување со последиците од кризата. Помошта кон домашните компании ги даваат и првите конкретни резултати. Веќе може да се забележи намалување на цените на лебот, кои повторно се враќаат на околу 30 […]

Ковачевски: Скапите лаги на ВМРО-ДПМНЕ платени од трети центри на моќ се потопени – македонската иднина е европска

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ денес на трибината која се одржа во Струмица посочи дека по 17 години минати во чекалницата започнавме преговори со ЕУ како Македонци со признат македонски идентитет и со тоа пропаднаа сите лаги на ВМРО ДПМНЕ, партијата која ги кочеше сите важни процеси во државата. “Нема асимилација нема бугаризација, нема […]

Ковачевски: Секоја тешка одлука денес е за подобра иднина на младите утре

Соопштение за јавност На трибината во Струмица претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пред граѓаните ја сподели тимската визија на која интензивно се работи со цел градење на модерна европска држава на среќни и богати граѓани. „Северна Македонија треба да биде држава на странски директни инвестиции со нови технологии, со нови добро платени работни места, енергетски […]

Ковачевски: За земјоделците годинава обезбедивме рекордни износи за поддршка

Соопштение за јавност Струмица и струмичкото поле се синоним за македонското домашно земјоделство, на раноградинарските производи кои ги красат трпезите не само во нашата држава туку и низ целиот регион, струмичкиот бостан, вкусните струмички домати, пиперката од која се прави највкусниот ајвар се далеку прочуени македонски брендови, порача вечерва претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на […]