Сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа на вонредните избори каде Мицкоски убедливо загуби

Соопштение за јавност Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени со рацете во медот и скандали, се обидуваат да го дефокусираат вниманието на јавноста. Предвремените локални избори кои се одржаа пред само еден месец ги потошија сите нарачани анкети. ВМРО-ДПМНЕ загуби во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а значителен пад имаше на изборите […]

Ковачевски: Ме напаѓа кодош, шпион и дезертер од АРМ, затоа што работам чесно и за граѓаните

Одговор на пратеничко прашање на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски Почитувани граѓани, Одговорот на прашањето ќе Ви го дадам на Вас. Бидејќи во ова Собрание дадов заклетва, како највисока и света обврска дека ќе го почитувам Уставот и законите и дека ќе работам за Вас, граѓаните. Бидејќи вие граѓаните заслужувате да ги знаете […]

Предлогот на Мицкоски за мерки е само сублимат од изјавите на Ковачевски за енергетика

Таканаречените предлог мерки во енергетиката на Христијан Мицкоски не се ниѓто друго освен сумбилат од досегашни изјави на премиерот Димитар Ковачевски за чекорите што се преземале и ќе се преземаат во енергетскиот сектор.  Владата донесе конкретни мерки кои ќе значат сериозна помош за граѓаните, стопанството и останатите субјекти за полесно справување со последиците од светската […]

Мерки на Владата и за помали сметки на струја во училиштата, образовниот процес е обезбеден и во зима

Економско енергетскиот совет на Владата, на синоќешната седница донесе одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за претстојната зима.  Донесена е одлука, на регулиран пазар на електрична енергија да бидат и основните и средни училишта низ целата држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на единиците на локалната […]

Георгиевска: Во услови на крајно сериозна криза пратениците треба да покажат разумност

Соопштение за јавност Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека изминатите шест дена во комисијата за одбрана и безбедност во Собранието при расправата по предлог одлуката за продолжување на кризните состојба за енергетика и за топлинската енергија во градот Скопје, опозицијата критикува дека владата треба да достави план […]

Костовски: Владата има план за справување со кризата и да обезбеди доволно енергенси за претстојната зима

Соопштение за јавност Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски има План за справување со кризата со цел да се надминат сите последици од економската и енергетскта криза, порача пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во денешното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. „Тој План беше претставен пред Советот за безбедност и […]

Воопшто не се разговара за реконструкција на Владата, единствено ќе се пополни позицијата на Горан Милевски

Владата, единствено ќе се пополни позицијата на Горан Милевски СДСМ ги демантира написите во одредени медиуми за наводна реконструкција на Владата. Ниту партиското раководство, ниту највисоките партиски органи, досега воопшто не разговарале за реконструкција на Владата. Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде […]

ВМРО-ДПМНЕ падна прениско, дезертерот Драган Ковачки злоупотребува починати лица

Реакција на прес-конференција на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ падна прениско, дезертерот Драган Ковачки злоупотребува починати лица ВМРО-ДПМНЕ падна прениско. Ова што го прави очајниот шпицен градоначалник Христијан Мицкоски е под секое човечко, културно и политичко ниво. Не поминаа селективно фабрикуваните лаги за претседателот Ковачевски и сега Драган Ковачки оди уште пониско, злоупотребува починати лица. […]

Нови 1,1 милјарда денари, Владата на Ковачевски обезбеди парно за граѓаните на Скопје

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, на вчерашната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје. Донесена е Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД „Електрани на Северна Македонија“, согласно Одлуката за […]

ДПМНЕ тендерска удри по џебот на граѓани­те, во Прилеп поскап­уваат градскиот прев­оз и сметките за вода и смет

Во време на светска економска и енергетска криза, наместо помош кон граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ​ удираат по џебот на граѓаните.​ Поради неспособноста на градоначалникот и​ директорите на општинските комунални претпријатија во Прилеп, поради масовната партизација на истите, во Прилеп сериозно поскапуваат сметките за вода и смет, како и јавниот превоз.​ Советничката група на СДСМ повеќе […]