fbpx

Средба Заев Солендил: Посветени сме на демократизација на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Р.Турција во Македонија, Омур Солендил.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји.

-Посветени сме на демократизација на Република Македонија и дејствуваме во таа насока, да има регуларни избори во декември на коишто ќе биде избрана легитимна демократска влада преку слободно изразување на волјата на гласачите, соопшти претседателот Заев.

На средбата стана збор и за односите меѓу двете земји.

– СДСМ ги поддржува демократските институции. Убедени сме дека е можно интензивирање на економската соработка меѓу двете земји во интерес на граѓаните и на Македонија и на Турција, рече претседателот Заев.

На состанокот претседателот Заев ја нагласи определбата на СДСМ за градењето едно општество во коешто сите граѓани на Р.Македонија ќе имаат еднакви шанси и обврски според Уставот и законите, што е прецизно наведено и во Програмата на СДСМ.

Турскиот амбасадор Солендил го информираше претседателот Заев за развојот на настаните во Турција.

20.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести