fbpx

Филипче за Слободен печат: Мицкоски манипулра со бројки – растот на БДП е само на хартија, граѓаните живеат потешко

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче за Слободен печат: Мицкоски манипулра со бројки – растот на БДП е само на хартија, граѓаните живеат потешко

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Макдоија, д-р Венко Филипче, во интервју за Слободен печат, посочи дека растот на бруто-домашниот производ со кој се фали премиерот Мицкоски е само на хартија, бидејќи тој раст во секојдневниот живот граѓаните не го чувствуваат.

Филипче изјави дека инфлацијата е толку многу зголемена што го надминува процентот на раст на бруто-домашниот производ.

„Не може да манипулира ниту владата, ниту премиерот, само со едни одредени бројки, кои што се само бројки на хартија, не употребувајќи ги при тоа механизмите кои што владата ги има, да ги исконтролира цените, да ги намали, да ги стави под контрола на големите компании и тоа граѓаните да го почувствуваат. “, рече Филипче.

Тој посочи дека анализите покажуваат дека БДП-то расте само поради активности во градежништвото и не се должи на поголемо производство.

„Да ја подсетам владата, дека станува збор за изградба на патиштата, пред се коридорите кои што ги градат Бехтел и Енка. Исто така да потсетам дека тоа беше еден од епските криминали како што велеше ВМРО ДПМНЕ, а сега гледаме дека се сликаат со тие на патишта. Тој раст, не се должи ниту на поголем извоз, ниту се должи на поголемо индустриско производство“, рече Филипче.

При тоа, Филипче додаде дека зголемувањето на БДП со кое се фали власта се базира исклучиво на проекти за кои државата се задолжува.

„Работите се движат во насока ние да се задолжуваме, за тоа да трошиме, а не за да имаме вистински капитални инвестиции од кои што во иднина државата ќе живее. Тоа е еден од најсериозните индикатори дека економската политика не се води како што треба“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести