Соопштение за јавност
Во единствена граѓанска Македонија нема место за очајните обиди на обвинетиот Никола Груевски да го пренасочи вниманието кон меѓуетнички прашања.
Прашањето за употребата на јазиците е дефинирано со Уставот и законите на Република Македонија!
Токму Никола Груевски заради тендер коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, се испазари со Али Ахмети, го прекршија Уставот и воведа проширена употреба на Албанскиот јазик.
Времето на поделбите по сите основи што ги прават Груевски и неговата власт заврши.
СДСМ гради едно општество за сите граѓани, со еднакви права и обврски пред Уставот и законите.
Скопје, 16.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА