fbpx

Груевски и неговите кадри да се појават на Надзорната расправа за поплавите, нема бегање!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Власта нема да избегне одговорност за поплавите кои се случија на 6 август.

Денеска започнува Надзорната расправа во Собранието за поплавите и таму мора да се појават: Никола Груевски, Никола Тодоров, Коце Трајановски, Тони Трајковски, Михаил Цветков, Владо Мисајловски, Зоран Јолевски, Митко Чавков, Жарко Караџовски, Оливер Ромески, Шабан Салиу, Ромео Тренов, Сузана Салиу.

Сите овие лица на раководни позиции, на чело со Груевски кој ги постави и беше 10 години премиер и должат многу одговори на јавноста за последиците од поплавите што однесоа животи на бебиња, на деца, на невини луѓе и предизвикаа огромни материјални штети. Тоа го чекаат и граѓаните кои се уште не можат да си го вратат животот во нормала.

Со поплавите исплива на виделина неодговорноста и неспособноста на власта.

Обвинетиот Груевски и неговите кадри мора дададат одговори за катастрофата!

И одговорност ќе има.

Скопје, 16.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести