fbpx

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Орце Ѓорѓиевски уште еднаш покажува дека за него нема граница кога станува збор предизборната манипулација. Откако вети воз на кејот на Вардар и невозможен парк во Вардариште, сега смилисл нова манипулација дека фестивалот „EXIT“ кој најави дека нема веќе да се одржува во Србија се сели во Скопје. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги излаже скопјани дека Скопје од следната година ќе стане нова дестинација на глобално реномираниот фестивал „EXIT“ – но под услов само ако тој победи на изборите.

Секоја сериозна личност што го прочитала официјалното соопштение на организаторите на „EXIT“ може лесно да утврди: не постои никаква потврда за Скопје како фестивалска локација, ниту во 2025, ниту во 2026 година. Единствено што е објавено од страна на „EXIT“ е план за глобална турнеја со повеќе настани низ светот.

Ѓорѓиевски, во обид да ги освои гласовите со лажни ветувања, свесно извртува дека од Србија се сели во Скопје.

Фестивалот „EXIT“ и сега има свои спин-оф изданија, вклучително и во Струмица изминативе три години, тоа не значи дека фестивалот се преселил во Струмица. СДСМ го повикува Ѓорѓиевски веднаш да престане со манипулации и лажни ветувања. Градот Скопје заслужува вистински културни политики, а не евтини кампањски трикови за дневна употреба.

Последни вести