fbpx

Ја најде ли Мисајловски физибилити студијата за гасоводот од 3.8 милиони евра?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се покажаа на дело неспособноста и незнаењето на неодговорната власт за гасификација на Р.Македонија.

Најголемата болка на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што првата куќа којашто 5 години веќе користи природен гас како евтин енергенс во Р.Македонија се наоѓа во Струмица. За 10 години власт на Никола Груевски ниту една куќа во главниот град не е гасифицирана ниту во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ!

Единствените два гасифицирани градови во Р.Македонија со изградени дистрибутивни гасоводни системи се Струмица и Куманово кадешто СДСМ има градоначалници од своите редови. Граѓаните од овие општини со години ги користат придобивките на евтиниот енергенс, природниот гас.

Видливи се резултатите од одговорните политики во енергетиката на СДСМ. И првиот гасовод во Р.Македонија е изграден во 1992/1997 во време кога СДСМ раководеше со државата.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски веднаш да каже дали ја најде физибилити студијата којашто неговиот претходник Јанакиевски ја плати 3.8 милиони евра со народни пари?

Исто така Мисајловски да објасни колку чини изградбата на Клечовце Блок 5 според оваа физибилити студија?

За лагите околу гасификацијата ќе спроведеме детална истрага. После 11-ти декември евтиниот еколошки енергенс, природниот гас одговорната Влада на СДСМ ќе направи да биде достапен за сите граѓани на Р.Македонија.

Скопје, 12.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести