fbpx

Пропагандата на Груевски е во хаос, призна дека невработеноста расте

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Државниот завод за статистика потврди дека Никола Груевски и неговите послушницилажат кога зборуваат за некакво наводно намалување на невработеноста.

Денеска ДЗС во своето соопштение за активно население објави дека бројот на невработени граѓани во Р.Македонија изнесува 227.702 лица заклучно со август.

На сајтот на Агенцијата за вработување може да се види дека бројот на невработени граѓани заклучно со јули 2016-та година изнесува 201.651 лица.

Дали ова значи дека бројот на невработени лица се зголемил за 26.501 лица за еден месец или владее толкав хаос во институциите што почнаа да ги разоткриваат нарачките што Никола Груевски ги прави кон нив за да ги промовира своите промашени економски политики како „успешни“?

Ниту институциите под негова контрола повеќе не се способни да ги одбранат неговите лагите за нови вработувања и пад на невработеноста.

626.312 граѓани се иселија заради таа голема невработеност. Тоа е бројката којашто на Никола Груевски ќе му пресуди на 11-ти декември.

 

Скопје, 09.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести