fbpx

Граѓаните на Струмица страдаат од тендер политиките на Груевски и Тодоров

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вистинската слика за здравството не може да се види во скапо платените рекламни кампањи, ниту во вестите на послушните телевизии на Груевски и Тодоров. А тоа граѓаните многу добро го знаат, и за жал, секојдневно го чувствуваат на своја кожа.

Кога власта зборува за инвестиции во здравството и бенефит од нив, веројатно мисли на бенефитот од тендерите во приватните џебови, бидејќи граѓаните не можат да видат реално подобрување на состојбата.

Зарем може да се зборува за успешни здравствени политики кога 100.000 граѓани од општина Струмица сами купуваат инјекции, инфузии и лекови, а за нивното здравје се грижи само по еден специјалист во смена?

Зарем граѓаните треба да бидат спокојни кога не можат да добијат точна лекарска дијагноза поради расипаните медицински апарати?

Зарем граѓаните треба да се чувстуваат сигурно кога се превезуваат кон клиничките центри во транспортно болничко возило во импровизирани услови, без транспортен инкубатор за влошена здравствена состојба на бебиња?

И по 4 години од ветувањето на Груевски, се уште ја нема ветената доградба на болницата, ниту пак новиот модерно опремен крак.

Груевски и Тодоров ги загрозуваат животите на пациентите и професионалните услови за работа на лекарите. За ова и за комплетното урнисување на здравствениот систем ќе одговараат по 11 декември.

 

Скопје, 06.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести