fbpx

Ако МОН лаже, фотографиите не лажат: Учениците учат од распарталени учебници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ако е вистина дека МОН постојано врши замена на постојните учебници во основното и средното образование, како тогаш учениците сеуште користат пополнети и распарталени учебници?

Ако образованието треба да остане надвор од политиката, зошто воопшто МОН реагира на партиското соопштение на СДСМ „Груевски листа агенди на лаги во скапиот дворец, додека родителите лепат учебници“?

Ако вработените во МОН чесно и професионално си ги вршеле обврските, зарем би дозволиле учениците да учат од распарталени учебници, полни со збунувачки содржини кои служат за потсмев во јавноста?

СДСМ ќе го обнови од темел разрушениот образовен систем и идниот септември сите распарталени и неквалитетни учебници ќе бидат повлечени од употреба и заменети со нови и квалитетни учебници.

Скопје, 06.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести