fbpx

Го осудуваме недоличното навивање во Скадар и апелираме на спортски дух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ најостро ги осудува свирежите на државната химна на Република Македонија на синоќешниот меч помеѓу Македонија и Албанија во Скадар.

Очекуваме дека вчерашните груби навреди извикани од група навивачи на домашната репрезентација, врз репрезентативците од Македонија додека ја пееја химната на Р.Македонија и фрлањето факели на трибината со навивачи од Македонија ќе добие соодветна осуда од Фудбалската федерација на Албанија, тамошните власти и УЕФА.

Апелираме на негување спортски дух на заемно почитување, солидарност и “фер-плеј“.

Спортските натпревари биле и треба да останат поле за поттик на пријателства, во кое што нема и не треба да има место за политиката и разгорување нетрпеливост, посебно што станува збор за две соседни пријателски земји.

Скопје, 06.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести