Соопштение за јавност
Почитувани граѓани,
Никола Груевски и Спиро Ристовски ги оставија учениците да учат од распарталавени учебници.
Во прилог на ова соопштение се фотографии од учебници што им се поделени на ученици, што го покажуваат тоа.
Додека Груевски и соработниците, удобно сместени во скапиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје листаат агенди со која лага е најдобро да излезат во јавноста, родителите со селотејп составуваат страници на учебници од кои цела година треба да учат нивните деца.
Тоа не е единствената мака на родителите.
Над 30 проценти од родителите, според статистиките, земаат плата под 10.000 денари!
А треба да одвојат околу 9.000 денари во просек, за еден ученик. Ако имаат две деца кои одат на училиште, 18.000 денари.
Ова е образованието на Никола Груевски и Спиро Ристовски кое е “знаење и моќ“.
СДСМ ќе го обнови од темел разрушениот образовен систем. Ќе обезбедиме соодветни и достоиствени услови за учење на учениците, за работа на наставниците и професорите и систем што ќе ги поддржи родителите да ги израснат децата во израснат здрави, спокојни и квалитени личности кои ќе бидат вистинска движечка сила за иднината на Македонија.
Скопје, 06.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА