Соопштение за јавност
Многу нервоза кај Никола Груевски и тесното опкружување на ВМРО-ДПМНЕ откако им се одзеде можноста за злоупотреба на 200.000 гласови со прочистувањето на Избирачкиот список.
За 170.000 граѓани е констатирано дека се надвор од земјата и се ставени на посебен дел од Избирачкиот список, а 30.000 воопшто не постојат.
Граѓаните слушнаа од проектот Вистината за Македонија како ВМРО-ДПМНЕ добивала избори токму преку злоупотреби, фантоми, со мртви гласачи, со влечење за уши, со по 60 човечиња во еден стан, со “некое ливче нека снема“.
На изборите на 11 декември Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја видат вистинската разлика во сите бројки.
Скопје, 03.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА