Навистина е несериозно да разговараме за трошење на народни пари сега во овој момент за вакви работи, а да не разговараме за кратење на она што значи неприоритетен проект, рече пратеникот Томислав Тунтев, во однос на предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на седница бр.86 на Комисијата за финансирање и буџет.