fbpx

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

ДПМНЕ и Мицкоски целосно ги игнорираат проблемите на обичниот човек. Година и пол се на власт, а ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да му помогнат на обичниот човек да ја преброди тешката економска ситуација која тие премолчано ја одобруваат. Тие им прогледуваат низ прсти на сопствениците на големите трговски ланци маркети кога неосновано и неконтролирано ги покачуваат цените на основните производи, рече потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фактор.мк.

Таа потенцираше дека инфлацијата дивее и целосно ги сроза платите. Додека просечната инфлација во ЕУ е 2,1%, кај нас во август е 4,4%, односно двојно повисока.

– Синдикалната кошничка изнесува 65.000 денари, а се потребни речиси три минимални плати за да се покријат основните трошоци. Македонија е последна земја во Европа по куповна моќ, а претпоследна по минимална плата. Цените на основните продукти, особено зеленчукот, растат, а фабриките затвораат и се губат работни места. Има значителен пад на директни странски инвестиции: од 573,6 милиони евра лани, сега паднале на 221,2 милиони евра. ДПМНЕ одбива да ги покачува платите, а не ги почитува ни претходно постигнатите колективни договори, оставајќи ги граѓаните на цедило, потенцираше Костова.

Контрастот помеѓу СДСМ и ДПМНЕ е најјасен токму во однос на животниот стандард. Во време на СДСМ, минималната и просечната плата растеа, како и платите во јавниот сектор, додаде Костова.

Таа посочи дека СДСМ носеше конкретни мерки и пакети помош за граѓаните во кризата, додека Мицкоски и ДПМНЕ во мирнодопски услови одбиваат да преземат било каква мерка.

– Нашите предлози се конкретни и конструктивни, додека одговорите на ДПМНЕ се само обиди за дефокус од нивната неспособност. Очигледно е дека незадоволството во општеството расте. Граѓаните веќе излегоа на протести поради нерешени проблеми како сообраќајната безбедност, труењето на воздухот и други, а незадоволството кон власта на Мицкоски и ДПМНЕ ќе продолжи да расте, потенцираше Костова за Фактор.мк.

https://faktor.mk/intervju-kostova-nezadovolstvoto-kje-gi-stigne-mickoski-i-dpmne-na-izborite-kje-nastapi-borbeno-i-konsolidirano-sdsm

Последни вести