Видео од изјавата на еден од граѓаните со кои се сретна денеска координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова при посетата на семејства во Драчево по повод денот на хуманитарната помош.
Во изјавата, самохраната мајка на дете со посебни потреби се жали на тешката состојба во којашто живеат, без да добие до сега каква било поддршка и помош од институциите.
– Тешко е да се живее како самохрана, невработена мајка и со дете со посебни потреби на кое му е неопходна дополнитела грижа и внимание вели оваа жена која бара заштита од системот.
Претставничката од СДСМ, Ласкова во разговорот со неа и со граѓани со слични потреби порача дека по промените на 11 декември Соцојалдемократскиот сојуз ќе игради систем во којшто граѓаните ќе можат да се потпрат на институциите, за што се обврзуваме и во Програмата