fbpx

Џабе му се нови сваровски судии на Груевски, ништо не го спасува, ќе одговара!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Паниката на осомничениот за тешки криминали, Никола Груевски, секој ден е се поголема.

Веднаш откако се распишаа изборите, проработеа тефтерчињата на осомничените од ВМРО-ДПМНЕ и преку послушниците од Судскиот совет се избраа нови 25 сваровски судии.

Сега е доцна, цела Македонија и светот слушна за нивните криминали и злоупотреби.

Ништо не ги спасува осомничените криминалци од ВМРО-ДПМНЕ. Сите ќе одговараат пред законите и од тоа бегање нема.

По 11 декември нема веќе да има нарачки и ургенции за пресуди, нема веќе да има тефтерчиња со погодни судии и обвинители. Македонија ќе биде правна и праведна држава и секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 05.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести