fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја намали транспарентноста, сите демократски процеси назадуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја намали транспарентноста, сите демократски процеси назадуваат

За само 15 месеци Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ го уништи отворениот пристап на министерствата и општините за граѓаните да имаат информации како се трошат народните пари.

Власта го запре процесот на транспарентност и отчетност на институциите што со години го градеше владата на СДСМ.

Според најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации, активната транспарентност на министерствата и Владата бележи тренд на намалување. Од 86% лани, оваа година е намалена на 84%.

Општините немаат подобрување – го задржале истото ниво на активна транспарентност како и лани, односно 79% отсто.

Високи 44% од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност.

Истражувањето покажува дека министерствата и општините најмалку информации објавуваат за финансиите – министерствата 58% отсто, а општините 59% од можни 100 %.

Отчетноста и транспарентноста се непозната категорија за ВМРО ДПМНЕ, тие се научени да ја гушат транспарентноста и да пласираат лажни вести.

Ова е јасен индикатор дека Владата ги затвора институциите за граѓаните, ги крие информациите што треба да се јавно достапни.

Со ваквата политика власта свесно ги злоупотребува институциите, нешто на што СДСМ повеќе од една година апелира и за што изнесува факти.

Со ВМРО ДПМНЕ на власт сите процеси на демократијата тргнуваат во погрешна насока. Со овој тренд Македонија брзо ќе се врати во времето кога никој ништо не смееше да знае и никој ништо не можеше да види за работењето на владата.

За време на Владата на СДСМ сите институции на централно и локално ниво воспоставија принципи на отчетност и транспарентност – вредности што никогаш не биле и нема да бидат познати за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Последни вести