fbpx

Филипче: Со Гичев Свети Николе ќе биде општина на сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Со Гичев Свети Николе ќе биде општина на сите граѓани

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средба со граѓани во Свети Николе, порача дека кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Дејан Гичев и советничката листа за Свети Николе, се луѓе кои ќе работат со и за граѓаните. Филипче на средбата изрази целосна поддршка за Гичев и советничкиот тим, нагласувајќи дека процесот на избор на кандидатите бил најтранспарентен досега, директно со вклученост на граѓаните.

„Сè што ќе го ветат, можат да го исполнат. И јас ја преземам обврската за нивната чесна и транспарентна работа. Никој никогаш нема да има затворена врата во општината. Без разлика за кого сте гласале – ВМРО-ДПМНЕ или која било друга партија – ова ќе биде власт за сите“, рече Филипче, додавајќи дека така функционира модерна, европска општина.

Филипче испрати повик за граѓанска мобилизација укажувајќи дека ќе водат фер и мотивирачка кампања, со решенија, а не поделби.

„Имаме сериозна обврска – да дадеме сè од себе, да ја вратиме енергијата, да поведеме фер, мотивирачка кампања, од улица до улица, од маало до маало, кон секој наш сограѓанин. Луѓето сакаат решенија, а не поделби. Чисти и безбедни улици, функционална локална самоуправа, достапни и одговорни институции – тоа е локалната политика за која се бориме,“ истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести