Соопштение за јавност
Почитувани,
Извршниот одбор на попладневниот состанок одлучи на Централниот одбор да му ги предложи кандидатите за министри и дополнителните заменици министри за составот на техничката Влада за организирање и спроведување избори.
Воедно, Извршниот одбор донесе одлука да му предложи на Централниот одбор одржување тематски конгрес на партијата за отворање на простор за широк фронт против режимот на Груевски и утврдување на приоритетите на идната демократска власт во Македонија, професионални и демократски институции што ќе работат во интерес на граѓаните, правично општество, економска и социјална стабилност на граѓаните и државата, независно судство, објективни медиуми…
Скопје, 01.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА