Соопштение за јавност
Со своето коруптивно однесување оваа власт дозволи корупцијата целосно да ги зграпчи државата и институциите.
Во Македонија над 500.000 граѓани се соочиле со барање на поткуп барем еднаш. Овој податок е шокантен и најдобро зборува на кој начин ВМРО-ДПМНЕ и осомничениот Никола Груевски владеат со Македонија.
Корупцијата во Р.Македонија расте за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако пред две години секој четврти полнолетен граѓанин се соочувал со директно барање на поткуп, оваа година секој трет граѓанин бил изложен на вакви незаконски дејствија.
Ова го покажува последната анализа на Меѓународниот центар за меѓународна соработка.
Институциите коишто треба да ги штитат граѓаните и да се борат против корупцијата станаа нејзини директни поддржувачи.
Слушнавме како осомничениот Груевски ја злоупотребува својата моќ и договара милионски провизии на штета на граѓаните, а директно за својот џеб.
Затоа тој и ги стави институциите под своја директна контрола, за да избега од правдата и одговорноста во спорведувањето на своите криминално-коруптивни зделки.
Одлучни сме сериозно да се справиме со корупцијата. Со заминувањето на оваа неодговорна власт граѓаните ќе добијат слободни и независни институции, транспаретни и навремени информации и увид во работата на Владата.
Инсититуциите ќе бидат препознатливи по т.н„активна транспарентност“ што ќе значи објавување на нивните програми, предлог програми, стратегии, мислења, студии, трошоци на работење, акти и мерки со кои се влијае врз животот и работата на граѓаните и фирмите.
Скопје, 31.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА