Соопштение за јавност
СДСМ со Програмата се обврзува дека ќе ги зголеми буџетски средства за лекови што паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување, со набавка на висококвалитетни лекови и вакцини од реномирани производители.
Ќе обезбедиме ефикасни и безбедни лекови, со проверен квалитет.
За граѓаните мора да бидат достапни новите генерации лекови.
За секоја сериозна Влада којашто мисли на граѓаните, здравјето е приоритет.
Но актуелната Влада не е одговорна Влада.
Граѓанинот Груевски нема право по 10 години владеење да зборува за лекови за граѓаните.
Поради неговите политики поддржани од Никола Тодоров граѓаните со години примаат евтини лекови, а децата ни примаат вакцини избрани според најефтина цена, додека милиони евра одат во картонски барок за бизниси на фамилијата.
По промените граѓаните ќе добијат домаќинска Влада што ќе се грижи за нивните вистински потреби, меѓу кои и квалитетни лекови.
Скопје, 30.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА