Соопштение за јавност
Диме Спасов повторно си игра кампањи со најзагрозените категории граѓани, фалејќи се дека постои условена можност за 12.000 денари финансиска помош за учениците средношколци од семејства од социјален ризик. Она што Спасов не соопштува е дека тие средства се на годишно ниво и дека релната и условена помош би изнесувала само 1000 денари месечно, пари со кои не може ниту храната да се покрие.
Наместо тоа, она што мора да се направи и она што СДСМ ќе го направи во скора иднина е ослободување на социјално загрозените семејства од сите административни трошоци за образование, ваучери за книги, училиштен материјал, облека, храна и посета на факултативни активности, ослободување од патни трошоци и други директни бенефици, како на пример, 1000 денари месечно за социјални активности. Само ваков пакет ќе овозможи намалување на класните разлики, а со тоа ќе им се даде шанса на децата да се чувствуваат еднакви и да постигнуваат подобри резултати.
Ова уште еден од низата квази-проекти на ВМРО-ДПМНЕ со кои никако не се подобрува состојбата на децата во социјален ризик. Додека Владата се луксузира со милионски суми, најзагрозените ги понижува со минимална помош. Единствената добра вест е дека крајот на оваа расипничка власт е близу а доаѓа време на еднакви можности, заштита и помош за најзагрозените
Скопје, 29.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА