fbpx

Како во Струмица и Куманово, ќе обезбедиме гас за цела Македонија, за Груевски е доцна

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Природниот гас ќе биде достапен во цела Македонија и ќе го спроведе новата одговорна Влада.

Ќе обезбедиме сите граѓани на Македонија да го почувствуваат бенефитот од гасот како евтин и еколошки енергенс, што веќе со години го имаат граѓаните на општините Струмица и Куманово.

Доцна е за Груевски по 10 години, што било да ветува.

Појавувањето на граѓанинот Груевски на најавениот почеток на изградба на магистрален гасовод Штип-Неготино е соочување на поранешниот премиер со фактот дека тој, Никола Груевски, ја остави државата без гасоводен систем.

Огромните разлики во цена, за овој најавен гасовод во споредба со почнатиот што никако да се доврши, Клечовце – Штип поврзан со вртоглави провизии од 55 милиони евра само ги потврдуваат сомнежите за корупција.

Исто така најавениот нов гасовод, нелогично го одминува ТЕЦ Неготино, што ја потврдува негрижата на државата кон оваа термоелектрана.

СДСМ во својата програма како приоритети ги имам и овој термо енергетски капацитет и гасот.

И едното и другото ќе ги реализираме, веднаш по промените што ќе се случат во декември.

 

Скопје, 30.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести