Доцна е сега за Никола Груевски лажно да ветува инвестиции во патната инфраструктура. Во 21 век, после 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, населените места ширум Македонија се уште немаат пат, канализација, водовод, одвод…
25-те милиони евра провизија што Никола Груевски и Миле Јанакиески ја договараат со кинеска компанија, се најголемата “инвестиција” на Груевски но за некои лични сметки.
Затоа Македонија денеска е единствена земја којашто ги задолжува граѓаните и идните генерации со огромни кредити за патната инфраструктура додека се трошат милиони за споменици, тркала и барокни фасади.
Парите од Панорамското тркало, кулата на Водно, рајската градина на ЕЛЕМ и други бројни непродуктивни милионски трошоци треба веднаш да се пренаменат за граѓаните погодени од поплавите но и за инвестиции во патната инфраструктура.
По демократските промени Македонија ќе сврти нова страница.
Концептот што ќе го реализира новата одговорна влада предводена од СДСМ предвидува инвестиции од 3 милијарди евра во патната инфраструктура за 10 години.
Скопје, 21.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА