fbpx

Со новиот предлог за ребаланс, оваа влада е децидна: за неа барокот е пред граѓаните!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Промените кои оваа влада ги предлага со новиот ребаланс се крајно несолидарни, срамни и недржавнички. По потрфрлувањето на владините институции за координирано справување со кризата во настраданите подрачја, владата бесрамно се обидува да обезбеди предизборни пари на маката на овие граѓани.

Наместо владата експресно да им излезе во пресрет на граѓаните обезбедувајќи ги потребните 33 милиони евра преку стопирање на крајно непотребната изградба на Панорамското тркало и Рајската градина, како и пренамена на средствата во висина од 20 милиони евра веќе обезбедени од четвртата еврообврзница издадена крајот на 2015 година, таа скроила план за нови криминали тешки 232 милиони евра.

СДСМ бара веднаш, без одлагање, да се прекине изградбата на овие смешни проекти и да се пренаменат средствата на граѓаните кои втора недела се оставени сами на себе!

Граѓаните треба да знаат дека оваа влада единствено се грижи за исполнување на желбите на нивниот партиски шеф, Груевски.

Граѓаните треба да знаат и дека оваа влада, не само што не сака да ги стави нивните елементарни потреби пред својот барок, не сака ниту да оддели 7% од противзаконската еврообврзница од 450 милиони евра што ја издаде пред неполн месец и планира во цел износ да ја потроши до крајот на годината!

Со ребалансот, ставката депозити не само што не предвидува на крајот на годината да останат 167 милиони евра, туку предвидува во 2016 да бидат дополнително искористени уште 65 милиони евра.

Ова е уште една лага во бесконечната низа на лаги!

Владата глумејќи помош, наместо да вложи максимални напори да им помогне на настраданите граѓани, се обидува да си обезбеди 232 милиони евра за предизборни манипулации.

Оваа штетничка влада мора што побргу да замине!

СДСМ ќе направи се, да не се дозволи на маката на настраданите, криминалните структури на ВМРО- ДПМНЕ да го исчистат патот за нов грабеж.

Скопје, 20.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести