Соопштение за јавност
Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се фатени во лаги, во незаконски активности, секогаш кога е видлива нивната неспособност „Курир“ фабрикува едни исти лаги и конструкции.
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, очигледно е голема болка за ВМРО-ДПМНЕ-партијата којашто се повеќе тоне во очај.
Да имаше Шекеринска било што незаконски направено или потпишано досега криминалната власт ќе нарачаше нејзино апсење. Но нема ништо и тоа е проблемот на лагите од ВМРО-ДПМНЕ.
Дрскоска, безобразието и нечовечноста на медиумските курири немаат граници и ги злоупотребуваат дури и личните трагедии на луѓето што им се случила несреќа.
За „Курир“ не се важни луѓето, не се важни граѓаните. Клучен приоритет за медиумските курири се нарачките од ВМРО-ДПМНЕ и очајниот Никола Груевски.
Фабрикувањето на едни исти лаги и конструкции не можат да ја променат вистината.
Криминалната власт заминува, доаѓаат промени со нова, одговорна и транспарентна власт предводена од СДСМ.
Скопје, 18.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА