Соопштение за јавност
Ја информираме јавноста дека денеска, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија), се случила сообраќајна незгода при што возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители.
Заменик претседателката Шекеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба.
Скопје, 17.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА