fbpx

Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Извршителот на Никола Груевски во Скопје, Коце Трајановски им должи на скопјани само едно нешто – неговата оставка како градоначалник на Скопје.

За Коце Трајановски поважно беше да ги слуша наредбите на Никола Груевски и да ги троши парите на граѓаните за криминални тендери, за раскош и луксуз, споменици, фонтани, барокни фасади, златни огради, панорамски тркала, луксузна резиденција, жални врби.

Коце треба веднаш треба веднаш да поднесе оставка затоа што за него и ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше Скопје 2014, наместо канализацијата за жителите на Црешево, Смилковци, Виниче и Љуботен.

Затоа Коце Трајановски не може да зборува за иднината на граѓаните на Скопје.

Коце Трајановски е веќе осма година градоначалник на Скопје. Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично за се тоа што не направил.

Вистинското обесштетување на граѓаните ќе се случи веднаш по демократските промени, во декември, оваа година.

Во Скопје и во Македонија доаѓаат нови времиња. Времиња на инфраструктурни проекти, вистински инвестиции во инфраструктурата. Времиња на нови патишта, улици, водоводи, одводни канали, мостови, училишта, нови енергетски капацитети…

 

Скопје, 16.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести