fbpx

(Видео) Заев со граѓаните од погодените подрачја, се бара целосно обештетување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и денеска е со граѓаните од најпогодените подрачја во Скопје и скопско, од населените места Инџиково, Сингелиќ, Црешево, Страчинци, Смилковци, Стајковци.

Претседателот Заев директно на терен ја предводеше акцијата за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна.

Од утрово, екипите на Општина Центар, на Куманово и на Струмица продолжија со активностите од вчера. Неколку шлепери со вода и неколку комбиња со други прехрамбени намирници, беа распоредени по сите овие места.

Дополнително, покрај специјализиgрани возила, денеска беа донесени и 5 камиони со носивост од 2 до 5 тона и неколку скипери со цел непотребните и оштетени работи да може полесно да се исчистат.

 

 

 

 

Последни вести