Соопштение за јавност
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, по повод Меѓународниот Ден на Бошњаците, упати честитка до бошњачката заедница во државата.
Филипче посочи дека бошњачката заедница е составен и важен дел од нашето мултиетничко општество.
“Со својата традиција, култура и вредности таа го збогатува и зајакнува заедничкиот живот во Северна Македонија. Како дел од нашето општество, Бошњаците имаат учество во сите важни историски политички случувања за напредок на државата.
Да продолжиме да ги унапредуваме правата на сите граѓани, да ги почитуваме нивните традиции, култура и јазик.Негувајќи го соживотот преку почитувањето на етничката, културната и верската различност, ќе создадеме подобра иднина за сите нас”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.