Соопштение за јавност
Се уште е непознато кој дозволил Никола Груевски и неговите воооружени телохранители да заминат за Турција без соодветна безбедносна контрола и царинска проверка?
Кој ја гарантира безбедноста на авионскиот сообраќај?
Особено ако се има предвид скандалот директно поврзан со Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски.
Сашо Мијалков, минатата година беше приведен на белградскиот аеродром откако му бил пронајден непријавен пиштол во авионот со којшто полетал од Скопје.
Идентично, се докажа дека Мијалков поминал без соодветна контрола на скопскиот аеродром.
По скандалот со полетувањето на Никола Груевски на одмор во Турција, заобиколувајќи ги безбедносните, царинските и другите процедури, јавноста очекува одговори на бројните прашања.
Скопје, 06.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА