fbpx

Како полета Никола Груевски на одмор во Турција?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Јавноста очекува одговори од кои причини Никола Груевски полетал на одмор во Турција со бенефиции на премиер?

Дали е точно дека Никола Груевски дошол до авионот со приватен автомобил по пистата за полетување, надвор од секоја процедура за безбедност на аеродромот?

Дали и кој дозволил Никола Груевски и неговите телохранители, да заминат за Турција без царинска проверка иако неговите обезбедувачи биле вооружени?

Што изнеле Никола Груевски и неговото обезбедување од Македонија без да бидат проверени?

Што сакал да сокрие Никола Груевски на излез од Македонија?

Кој го плаќа транспорот и одморот на неговите 5 телохранители во Турција?

Од ВМРО-ДПМНЕ треба да им објаснат на граѓаните и за овие луксузирања на Никола Груевски кој очигледно не може да се помири со фактот дека не е премиер.

Скопје, 04.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести