Соопштение за јавност
На денешната конвенција за презентација на кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година, претседателот на СДСМ Венко Филипче истрапи порака со сопартијците кои на минатите избори гласаа за ЗНАМ.
„Сакам да им порачам нешто што повеќето од нив го знаат и чувствуваат. ЗНАМ длабоко ве изневери. Наместо борба и коректори на власта, станаа декор во Владата за лични интереси. Молчат и одработуваат. Наместо отпор, покажаа целосна сервилност кон ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сакам јасно да ви кажам, вие не сте го изневериле СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас. Вашиот протестен глас го разбирам, но ве повикувам да се вратите дома“, рече Филипче.
Тој потенцираше дека лагите на Максим Димитриевски и неколкумина, заради лични интереси, го искористија и злоупотребија гласот на оние кои сакаат искрени промени во СДСМ, но наместо коректори на политиките гласовите го вратија стариот познат режим на ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашиот протестен глас, без ваша намера, помогна токму ВМРО да се врати на власт. Сите го чувствуваме тоа денес. Се вратија партизацијата, стравот, неспособноста. Сега веќе е јасно дека нема трети патишта. Или има силна опозиција, или ВМРО ќе владее без контрола, со поделени луѓе кои веруваат во социјалдемократската идеја“, потенцираше Филипче на конвенцијата.