Соопштение за јавност
Благодарение на катастрофалните политики на Никола Груевски над 600 илјади граѓани ја напуштија Македонија во последните 10 години. Повеќе од половината се млади. Оние кои се останати во земјава, во најголем дел се невработени. Другите се подготвуваат да заминат.
Груевски знае дека ја нема довербата на младите.
СДСМ по следните фер и демократски избори ќе овозможи изградба на куќа до 150 метри квадратни сосубвенција за покривање на 50 проценти од комуналните трошоци.Без разлика на возраста, дали граѓаните се вработени или не, дали се кредитоспособни и колкава плата примаат.Особено без разлика на партиската припадност. Комуналниот надоместок е од 20 до 120 евра за метар квадратен. Тоа тоа значи дека секој граѓанин ќе плати помалку за комуналии од 1.500 до 9.000 евра. Ова е само една од мерките со коишто ќе овозможиме дом и живот за младите во нивната родена земја. Ќе обезбедиме еднакви можности за сите.
Скопје, 30.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА