fbpx

Чавков напразно се рашетал, нема веќе МВРО ни на избори ни по нив

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков се рашета на показни вежби и најде да зборува за реформи сега пред заминување, иако имаше години зад себе кога можеше и да вежба и да извежба како се работи професионално и да спроведе професионални реформи, ако сакал.

10 години полицијата работи без соодветни униформи и чевли.

Слушнавме од Јанкулоска на какви кревети со федери спиеле полицајците и со какви парталави ќебиња од времето на СФРЈ се покривале.

Слушнавме и за стотици и стотици партиски вработувања и криминални структури во МВР вмешани во огромни криминално – корупциски и други скандали.

Сето тоа Чавков имаше можност да го смени, но не го смени туку го унапреди.

Функционерите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како Чавков, кои ја доведоа Македонија до ова дереџе, со узурпирани и непрофесионални институции и разрушен државен систем, ниту можат, ниту имаат право да го изговорат зборот реформи.

Јасна беше тенденцијата со ограничувањата на ингеренциите на министерот за внатрешни работи, што ја спроведе Груевски преку Чавков, којашто го покажа стравот на власта од регуларни избори.

Но нема веќе МВРО ни на избори, ни по нив.

Во Македонија ќе има фер и регуларни избори и тоа ќе отвори пат за сите реални реформи во Република Македонија што ќе придонесат кон обнова на државата и враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот.

 

23.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести