fbpx

Богов имал интерес да присуствува на конференциската врска?!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дали има интерес во присуството на гувернерот Димитар Богов на конференциската врска кога е договорено огромното незаконско задолжување на граѓаните во стотици милиони евра?

Дали можеби аукцијата за избор на изведувач за изградба на милионската барокна зграда на НБРМ го натера Богов да присуствува на конференциската врска во понеделникот кога власта ги задолжи граѓаните 450 милиони евра, плус камати, со еврообврзницата?

Богов тврдеше дека издавањето на еврообврзницата е во надлежност на Владата и Министерството за финансии.

Но потоа се најде во друштвото на владините претставици кои преку конференциска врска го договорија милионското задолжување.

А вчера гувернерот Богов повторно неуспешно се обиде да ја префрли одговорноста за задолжувањето на Министерсвото за финансии, бидејки стоеше до министерот за финанскии кога се мачеше да го оправда историското финансиско злосторство.

Вистината околу учеството на Богов во ова финансиско злосторство набргу ќе биде разоткриена.

Сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе одговараат.

 

Скопје, 23.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести