Соопштение за јавност
Димитар Богов не може да ја избегне одговорноста од огромното 450 милионско задолжување на граѓаните на Македонија што е еднакво на финансиско злосторство.
Богов денеска се обиде да се брани дека за издавањето на еврообврзницата одлучувало Министерството за финансии.
Ако е така, што барал Богов кога течела конференциската врска со кредиторите во понеделникот, кога се договори скандалозното задолжување, какви што информации имаме.
Богов е соучесник во незаконското задолжување на граѓаните. Тоа го покажува и неговото појавување денеска до министерот за финансии Миноски.
Катастрофално за граѓаните на Македонија е што имаат гувернер марионета, кој наместо чувар на народната каса е чувар на интересите на Никола Груевски и неговите соработници.
Вистината околу учеството на гувернерот Димитар Богов во историското задолжување на граѓаните брзо ќе излезе на виделина.
И сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе одговараат.
Скопје, 22.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА