Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка
Почитувани,
Колку лажни лица има ВМРО-ДПМНЕ и оваа влада на Мицкоски?
Премногу. Денеска ќе објавиме уште едно.
Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка.
Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“.
Јавно на прес конференции целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ бараше реакции од Обвинителството , обвинуваа дека оваа фима, ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби и партиски зделки“.
Лично Мицкоски зборуваше за „нов голем епски криминал“ и бараше кривична одговорност. Највуваа раскинување на договорот, репреговарање, што ли уште не.
Тоа беше ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денеска гледаме дека се ова било лага до лага.
Денес со истата фирма, ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал, сомнитена, и така натаму владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор.
Еве го тој Договор, склучен на 19 септември 2025 година, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг вреден 55 илјади евра.
Договорот е за Надзор на изведба на градежни работи за санација на делници од спроведената поедноставена отворена постапка.
Наместо истрага – договор. Наместо одговорност – соработка.
Ова е врв на политичко лицемерие, театар за јавноста во режија на Мицкоски и ДПМНЕ.
Додека јавно зборуваат за епски криминал под маса склучуваат договори со истите фирми.
Како тоа сите фирми што вчера беа „сомнителни“ стануваат нивни најблиски деловни сојузници?
Или ВМРО-ДПМНЕ свесно ги лажела граѓаните или сега тие се влезени во гуша до епскиот криминал, треато нема.
Со оваа власт, лагата стана државна политика.
Бараме:
Мицкоски јавно да излезе и да им се извини на граѓаните за сите негови лажни изјави.
Николовски да одговори зошто е склучен договор со ИРД ИНженеринг.