На 20 јули 2016 година четирите политички партии се договорија:
Избирачки список
Четирите политички партии се договорија да ги истакнат овие прашања за избирачкиот список за овие избори, на следниов начин:
1. Изборниот законик ќе се промени до 22 јули за да го отслика подоле договореното.
2. Во поглед на Анекс А подготвен од ДИК од споредбата на податоци, 171 500 личности ќе бидат ставени на дополнителниот дел од избирачкиот список и нивното право на глас не се спори.
3. Во поглед на Анекс Б подготвен од ДИК од споредбата на податоци, 39502 личности ќе бидат објавени од ДИК 3 дена по промените на Изборниот законик.
а. Податоците ќе се објават и споменатите личности ќе можат да потврдат на ДИК дека треба да останат на избирачкиот список во тек на следните 25 дена.
б. Сите личности од Анекс Б можат да покренат електронска верификација во согласност со членовите 48-51 од ИЗ или лично во подрачните канцеларии на ДИК.
в. Три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за било кое име. Во таков случај, тие членови можат да побараат личноста да се појави лично ако живее во земјата или преку видеоконференција ако живеат во странство. Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по 25-дневниот период.
г. Тие личности кои нема да се пријават нема да бидат вклучени во избирачкиот список. Тие ќе имаат можност да се пријават во ДИК во тек на јавниот увид пред изборите.
Медиуми
1. Законот за аудиовизуелни услуги и Изборниот законик ќе се променат во рок од 15 дена по овој договор.
2. Агенцијата за аудиовизуелни услуги ќе формира ад хок тело кое ќе го мониторира исполнувањето на одредбите на ИЗ кои се однесуваат на медиумите. Телото ќе функционира до крај на изборниот процес, а ќе се формира во рок од 30 дена по склучувањето на овој договор.
а. Телото ќе се состои од 5 личности. Во консултација со релевантните професионални организации, четирите партии ќе изберат 4 члена на ад хок телото, од кои барем еден е Албанец. Овие 4 члена ќе го изберат петиот член со консензус за 15 дена.
б. Почнувајќи од 100 дена пред изборите, Советот на ААВУ ќе се следи препораките на новоформираното тело и ќе иницира процедури виз-а-ви медиумите како што е пропишано во законодавството. Ад хок тело ќе го оценува балансираното известување на медиумите за период не помал од една недела.
в. Сите казни за медиумите кои се предвидени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Изборниот законик во делот кој се однесува на медиумите ќе бидат намалени за 50%
г. За првото прекршување ќе биде издадено предупредување. Секое наредно прекршување ќе биде санкционирано согласно намалените казни.
д. Ниту еден новинар ниту медиум не смее да биде казнет за изразување на мислење. Изразувањето на мислење мора да биде издвоено од известувањето за медиумски информации.
ѓ. Ниту една медиумска куќа не може да биде затворена врз основа на одлука во согласност со погоре опишаната процедура.
3. Четирите политички партии се обврзуваат да го изменат законодавтвото за медиумите во согласнот со Итните реформски приоритети и Извештајот на Прибе во рок од 6 месеци по изборите.
4. Во консултација со другите партии, најголемата опозициона партија од експерите од областа ќе предложи главен и одговор уредник (на информативната редакција) на Јавниот радиодифузен сервис (МРТВ).Доколку партиите се согласат дека се исполнети условите за избори, главниот и одговорен уредник ќе ја превземе функцијата 100 дена пред избори.
5. Ќе бидат донесени законски измени со кои ќе се дозволи 7/24 канал на албански јазик на МРТВ.
Проценка на напредокот
До 31 август, лидерите на четирите политички партии ќе направат проценка дали чекорите напоменати погоре се завршени со што условите за одржување на изборите се исполнети. Лидерите ќе го потврдат ова и датумот на одржување на изборите со потпис.
Владата која ќе ги спроведе изборите и датумот на избори
Доколку изборите се одржат во 2016 година, новата Влада согласно Договорот од Пржино ќе биде изгласана во Парламентот 100 дена пред денот кој е договорен како ден на изборите.
а. Примената на Законот за внатрешни работи ќе се одложи до 1 јануари 2017 година и со закон ќе се ограничи бројот на назначувања на раководни функции во Министерството за внатрешни работи на 15 назначувања. Сите решенија за назначувања за истражители во Јавното обвинителство кои им се дадени на носители на раководни позиции во МВР ќе бидат поништени и нема да бидат давани нови решенија до завршувањето на изборниот процес.
б. Владата без застој ќе ги одобри кабинетските именувања на министерот за внатрешни и хоризонталните распоредувања на вработените кои се на предлог на министерот во бројката до 10 % од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.
в. Законот за Влада ќе биде изменет со цел мандатот на сите министри и дополнителните заменици министри кои се избрани согласно Договорот од Пржино да заврши на денот кога Државната изборна комисија ќе ги потврди официјалните резутлати од изборите.
г. Замениците министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика ќе ги превземат надлежностите на министрите се до формирањето на новата Влада.
Други прашања:
Специјалното јавно обвинителство ќе биде поддржано
а. Во случај доколку Уставниот суд одлучи дека законот за специјалното јавно обвинителство или некој негов дел е противуставен, четирите партии се обврзуваат на измена на законодавството во согласност со одлуката на судот и обвинителството да биде повторно основано во рок од пет дена, а согласно одлуката. Надлежноста и целите на специјалното јавно обвинителство остануваат исти.
б. Четирите партии го повикуваат Уставниот суд да одлучи за законот за специјалното јавно обвинителство во најкус можен рок, на првата наредна седница.
Реформи
Инклузивноста во процесот на реформи и нивната имплементација ќе биде спроведено преку работните групи во Парламентот со вклученост на граѓанскиот сектор и експерти.
а. Усвојување на Итните реформски приоритети и Препорактие од Извештајот на Прибе.
б. Во рок од 6 месеци, во согласност со Венецијанската комисија да се измени Законот за заштита на укажувачите
в. Охридскиот рамковен договор
г. Евро-атланската интеграција