Шукова: Урбанизмот мора да стане транспарентен, граѓаните да имаат збор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шукова: Урбанизмот мора да стане транспарентен, граѓаните да имаат збор

„Мора конечно да се стави крај на хаотичната урбанизација во Скопје,“ истакна Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, говорејќи за потребата од нов Генерален урбанистички план, за Радио Слободна Европа.

Таа најави дека новиот ГУП ќе се изработува со вклученост на јавноста и дигитална транспарентност, преку алатки што ќе овозможат граѓаните да ги даваат своите забелешки во секој чекор од процесот.
„Граѓаните мора да бидат дел од одлуките. Само така ќе имаме град кој расте со ред, а не со хаос,“ рече Шукова.

Во нејзиниот план се предвидени строги правила за зачувување на зелените површини и ограничување на градбата во делови каде што урбанизацијата веќе ја надминала мерката.
„Скопје мора повторно да добие достоинство – да биде уреден, зелен и модерен главен град,“ порача Шукова.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/33548075.html