Соопштение за јавност
Филипче од Свети Николе: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Свети Николе, ја коментираше последната информација дека Владата склучила договор со фирмата ИРД инженеринг, иако токму оваа компанија беше цел на жестоки напади од ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција.
„Денес излезе информација дека Владата склучила договор со ИРД инженеринг – фирмата со која и нашата Влада имаше договор. Тогаш Александар Николовски и сите челници на ВМРО-ДПМНЕ секој ден држеа прес-конференции, обвинувајќи дека оваа фирма е криминална. Јавно го повикуваа обвинителството, тврдеа дека преку неа се перат пари. И денес договор со нив,“ рече д-р Филипче.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ со месеци водеше кампања со обвинувања за наводен криминал и за Бехтел и Енка, а сега, како што истакна, го прави истото што тогаш го критикуваше и ги продолжува истите проекти.
„Истото како со Бехтел и Енка, единствениот проект на кој сега нешто се работи. И тој беше ‘криминален’, според нив. Па ги прашувам јавно – што е разликата сега?“ праша лидерот на СДСМ.
Филипче јавно упати прашање до премиерот Мицкоски:
„Го прашувам јавно Мицкоски – дали си ти сега криминалец? Ако беше криминален проектот што ние го започнавме, ако беше криминален надзорот што го потпишавме, тогаш дали значи дека и ти си криминалец кога продолжуваш со истото?“