Соопштение за јавност
Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта
„Нашиот слоган за оваа кампања е „Се бориме за нашиот дом”, и тоа не е случајно,“ нагласи Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Свети Николе.
Тој објасни дека идејата за „дом“ е суштината на социјалдемократската политика, држава што се грижи за сите, а не само за избраните.
„СДСМ секогаш се бореше и ќе се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта. Дом во кој секој ќе има свое место, не само блиските на власта. Дом во кој секој труд ќе биде вреднуван, секоја капка пот ќе биде платена, секој човек ќе живее со достоинство,“ порача д-р Филипче.
Во своето обраќање тој остро ја критикуваше политиката на ВМРО-ДПМНЕ, која, како што истакна, создала систем на привилегирани и заборавени.
„Нашата борба не е против никого лично. Нашата борба е против неправдата. Против систем што ја заборави својата мисија – да им служи на луѓето. ВМРО-ДПМНЕ донесе токму такво владеење – власт за себе и своите, услуги за најблиските, а игнорирање на потребите на граѓаните,“ потенцираше лидерот на СДСМ, д-р Филипче.
Филипче порача дека СДСМ останува доследна на своите вредности за еднаквост, правда и подобар живот за сите.
„Да бидеш социјалдемократ не значи само да си дел од партија. Тоа значи да веруваш дека државата е алатка за подобрување на животот на сите, дека парите на граѓаните треба да се вложуваат токму во нив. Да веруваш дека политиката мора да работи за народот, не против него,“ рече д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата во Свети Николе.