Соопштение за јавност
„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за Македонија“, порача Претседателот на СДСМ,
д-р Венко Филипче на граѓанскиот собир во Македонска Каменица.
„Ова не се само локални избори“, додаде тој. „Граѓаните имаат можност со својот глас да испратат порака: доста е, државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето,“ истакна Филипче.
„Борбата за нашиот дом не е само локална и не е само политичка. Тоа е економска борба, борба за достоинство. Се бориме за 500 евра минимална плата, за секој човек да може достоинствено да живее од својата работа. Се бориме за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. За иднина и за надеж.“, потенцираше Pретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
„Ние настапуваме со чесни и посветени луѓе. Таква е Соња Стаменкова – поранешна градоначалничка која покажа што значи да си го сакаш својот дом и да работиш за него“, подвлече тој.
„Мотивот за нејзината кандидатура е да продолжиме таму каде што застанавме, затоа што општината назадуваше во секој поглед“ рече Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
Тој нагласи дека СДСМ секогаш била повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост, со идеја државата да биде дом за сите, не за неколкумина привилегирани.