Борбата за Македонија денес е борба за подобар живот, достоинството на граѓаните и за држава што ќе се грижи за работниците, земјоделците, наставниците, лекарите, младите и пензионерите, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од маршот „Непокор. Борба. Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и Антифашистичката борба.
Филипче истакна дека граѓаните заслужуваат држава што ќе стои зад нивниот труд и ќе им обезбеди услови за достоинствен живот, наместо да ги остава сами да се справуваат со проблемите.
„Борбата за Македонија денеска е борба за работниците, за подобар стандард, за подобар живот, за наставниците, за лекарите, за земјоделците, за младите, за пензионерите. Борбата за Македонија денес е борба за земјоделците и овде во Прилепско. Добро се знае колку пот, грижа и неизвесност има во земјоделскиот труд. Тутунарите и сите што ја обработуваат земјата заслужуваат држава што стои покрај нив, а не како што се денес понижени, обесправени и маргинализирани“, рече Филипче.
Филипче порача дека државата ја покажува својата сила преку грижата за граѓаните, достапното здравство, доброто образование, сигурноста на работниците и достоинството на пензионерите.
„Верувам дека државата ја покажува својата сила преку грижата за граѓаните, преку достапното здравство, доброто образование, сигурноста на работникот и достоинството на пензионерот“, истакна Филипче.
Филипче нагласи дека политиката мора да биде во служба на луѓето и нивните потреби, а не на личните интереси на оние што се на власт. Тој порача дека обврската на СДСМ е да се бори за Македонија во која трудот ќе се почитува, земјоделците ќе имаат поддршка, а секој граѓанин ќе може да живее достоинствено.
Линк до видеото :



