Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва Претседателот Венко Филипче на граѓанската трибина пред граѓаните во Берово. Тој истакна дека тоа е заклучок од нивната арогантност и незаинтересираност за потребите на граѓаните.

„Нема никаква нова мерка за земјоделците, ги укинаа мерките на СДСМ што даваа резултат, ги скратија субвенциите за земјоделците. Фирмите молат за поврат на ДДВ, нешто што им следува законски, за да можат да бидат ликвидните, да инвестираат, да вработуваат. Сега наместо да отвораат нови работни места, дел од компаниите отпуштаат вработени. Видовме што им направија на пензионерите. Тие добија само 1.000 денари покачување на пензиите, а со моделот на СДСМ ќе земаа во просек по 2.000 денари за пензионер“, рече Филипче.

Притоа тој потсети дека СДСМ како Влада покажа дека има механизми како да се заштити животниот стандард, како да растат платите, како да се заштитат компаниите. СДСМ донесе политики и во најтешките кризи кои дадоа резултати. Пред граѓаните Филипче кажа и дека и сега како опозиција понудиле решенија за да се стават под контрола високи цени на прехранбените производи, да се укине ДДВ-то, но и тоа како и другите предложени мерки било одбиено од ВМРО-ДПМНЕ.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=790395570363110